Кратко траеше турската авантура – Јованка Радичевиќ потпиша за Крим!

Едно од најдобрите десни крила во светот, Јованка Радичевиќ, на крајот на оваа сезона заминува од Турција.

Црногорската репрезентативка ќе го облече дресот на словенечкиот шампион Крим Меркатор, откако една година беше членка на турскиот Кастамону.

Радичевиќ со трансферот во Љубљана повторно ќе игра заедно со долгогодишната колешка Андреа Лекиќ со која заедно беа во Ѓер, Вардар, Будуќност и ЧСМ Букурешт.

35-годишното десно крило настапуваше пет сезони за македонскиот тим и пет пати играше на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Минутажата на десната крилна позиција во Крим ќе ја дели со српската интернационалка Катарина Крпеж Шлезак.