Кратко траеше радоста: Владата појасни – нема публика на спортски натпревари!

На денешната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за олабавување на мерките, но таа одлука не ги опфаќа спортските настани!

Иако во извештајот од седницата не беше потенцирано дека нема да биде дозволена публика на спортски настани, сепак таа одлука важи за концерти, театар, кино…

Публиката ќе почне полека да се враќа во салите, но не кога ќе има спортски натпревари, кошарка, ракомет, одбојка…

„Спортските настани се уште ќе бидат без публика, без разлика дали се работи за затворено или отворено. Протоколот што беше објавен не ги опфаќа спортските настани“, кратко изјавија од Владата за 24Ракомет.

За да се случи тоа ќе биде изработен посебен протокол од Комисијата за заразни болести, кои се очекува наскоро.