Кој против кого по круната на Вардар – познати полуфиналните двојки на Ф4 во Келн!

Денеска се одржа ждрепката за паровите на завршниот турнир во Лигата на шампионите што ќе се одржи во декември.

Поради прекинатата сезона, најдобрите четири од групната фаза – ПСЖ, Веспрем, Кил и Барса добија место на Ф4.

Во полуфиналето ќе играат Кил против Веспрем, додека Барселона ќе се сретне со тимот предводен од Раул Гонзалес, ПСЖ.

Натпреварите ќе се играат во „Ланксес Арена“ во декември. На 28 декември на програмата ќе бидат полуфиналните средби, додека на 29 декември ќе го дознаеме наследниот на Вардар на европскиот трон.