Костески: Ќе заборавиме на уморот и одиме на победа кај Татабања

Тимот на Еурофарм Пелистер го очекува претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Битолчани гостуваат кај незгодната унгарска Татабања, која беше совладана во првиот меч со убедлива разлика, 33-20.

Десното крило Ненад Костески очекува триумф на незгодното гостување во Унгарија, но вели дека не смее да се потцени ривалот.

„Оваа сезона за разлика од претходните е доста поуспешна. На добар пат сме, се подготвуваме за секој дуел максимално, ги анализираме сите противници, во добра серија сме, одиме во нагорна линија. Имаме шанси за прво место во група, зошто да не го обезбедиме ако ни се пружи шанса. Татабања е сериозна екипа, иако е елиминирана, не смееме да ги потцениме. Тие имаат добри индивидуалци, играат добро еден на еден, но ние одиме на победа. Малку имавме проблеми со корона, ростерот ни беше скратен. Уморни сме малку, но ќе заборавиме на него, ќе се вратат дел од играчите и ќе имаме поголем ростер на следните натпревари“, вели Костески.

Натпреварот меѓу Татабања и Еурофарм Пелистер се игра во вторник со почеток во 18:45 часот.