Костески најдобар, Холабрун со нов триумф

Десното крило Никола Костески ја продолжува одличната форма во Австрија и беше најдобар поединец на последниот натпревар.

Тој постигна осум гола за тимот на Холабрун, кој забележа триумф на домашен терен против составот на Тулин со 25-18 во дуелот од 17 коло во Втората лига на Австрија.

Вториот македонски интернационалец на овој дуел во дресот на Холабрун, Влатко Митков, постигна три погодоци.

Холабрун сега има 22 бодови, пет помалку од лидерот Леобен, што се доволни за второто место на табелата.