Косоротов побрз од сирената, донесе бод за Русија и ги шокираше Полјаците

Со гол постигнат во последната секунда од средбата, ракометарите на Русија успеаја да дојдат до првиот бод во втората рунда на Европското првенство откако одиграа нерешено со Полска, 29:29.

Избраниците на Велимир Петковиќ добро го започнаа натпреварот и до 25. минута беа во водство од еден до најмногу три гола позитива. Русите со головите на Житников, Косоротов и Шишкарев имаа предност од 5:2 во воведниот дел. Во продолжението на сцена настапи голманот на полската репрезентација, Матеуш Земжицки, кој во првото полувреме имаше десет интервенции и беше клучна фигура во промената на резултатот во корист за својата репрезентација.

По водството на Русија од 9:7, Полјаците со два гола во низа дојдоа до израмнување на резултатот, 9:9. До крајот на првото полувреме се играше гол за гол, а ракометарите на Патрик Ромбел со подобрата игра во завршниот дел од првите 30 минути успеаја на полувреме да заминат со минимална предност од 13:12.

Полска со голот на Сичко во второто полувреме за првпат дојде до највисоки плус два, 14:12. Во брзата игра на двете репрезентации одбраната речиси беше невидлива, па така за скоро седум минути игра во второто полувреме беа постигнати осум погодоци. По минималното водство на Полска од 17:16, Корнев и Житников ја вратија предноста на својата репрезентација и резултатот во 40. минута беше 18:17 за Русија.

Русија на неколку пати имаше два позитива, но Полска повторно дојде до израмнување на резултатот, 24:24, на десет минути пред крајот. Повторно продолжи играта гол за гол и ниту една од двете репрезентации не можеше да се одлепи на поголема предност од плус еден, па така имаше постојана промена на резултатот.

Ермаков во последната минути не успеа да реализира. Поради тоа, Велимир Петковиќ започна да прави мали сцени, а судиите мораа да му доделат црвен картон. Полска во последниот напад ја искористи ситуацијата со играч повеќе и преку Дашек дојде до 29:28. Сепак, во последната секунда Косоротов не дозволи победа на Полјаците и со својот осми гол и донесе бод на својата репрезентација.

23 јануари 2022
29 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
23 јануари 2022 17:48 EURO22 2GRUPA 2021/2022 23.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ПОЛСКА1329Реми
РУСИЈА1229Реми

ПОЛСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Матеуш Корнецкиголман00
2Дамијан Пжитулалев бек10
3Михал Дашекдесно крило06
4Пјотр Једрашчукцентрален бек00
5Михал Олејничакцентрален бек21
7Патрик Валчакпивот11
9Симон Сичколев бек08
19Јан Чуваралево крило01
21Камил Шипжакпивот01
23Аркадиуш Моритодесен бек06
26Пжемислав Крајевскилево крило12
28Мациј Гебалапивот00
30Рафал Пжибилскидесен бек00
36Давид Давиџикпивот02
40Матеуш Зембжицкиголман00
49Пјотр Чрапковскилев бек01
 Вкупно 529

РУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Артем Грушкоголман00
3Дмитри Санталовлев бек02
17Александар Котовдесен бек11
20Михаил Виноградовлев бек01
23Роман Осташенколево крило02
24Дмитри Корневдесно крило03
25Евгениј Ѕеминлев бек00
30Александар Ермаковпивот21
33Данил Шишкаревдесно крило01
44Игор Сорокалево крило00
76Радомир Врачевиќпивот00
78Павел Андреевпивот03
87Виктор Киреевголман00
89Дмитри Житниковцентрален бек07
98Никита Каменевдесен бек00
99Сергеј Марк Косоротовлев бек18
 Вкупно 429

Officials

Судии:
Џули Бонавентура -Франција
Шарлот Бонавентура -Франција

ЕП 2022, ГРУПА 2 – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА54018
2ШВЕДСКА53026
3СЛОВЕНИЈА53026
4ПОРТУГАЛИЈА52125
5НОРВЕШКА52034
6ХОЛАНДИЈА50141