Корона повторно напаѓа, уште еден натпревар доби победник на „зелена маса“

Откако дуелот меѓу Веспрем и Нант беше регистриран со нерешени 5:5, а двете екипи добија по еден бод, во Групата Б од Лигата на шампионите уште еден натпревар доби службен победник.

Натпреварот меѓу Алборг и Целје кој требаше да се игра денеска од 18:45 часот е одложен поради тоа што домашните пријавија позитивни случаи на Ковид 19. Оттаму немаше можност средбата да биде одиграна и на тој начин составот на Целје ја доби победата.

Составот од Словенија освои два бода и го доби овој натпревар со 10:0 така што нена дилеми околу победникот на овој дуел, па останува уште средбата меѓу Кил и Загреб за комплетирање на групната фаза од Групата Б во Лигата на шампионите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140