Корона вирусот ја одложи “Корона” ситуацијата

Поради тоа што член на комисијата која требаше да донесе казни за ракометарките на Корона Брашов кои уште минатата година во ноември се најдоа на тапет бидејќи беше утврдено дека биле подложени на недозволена ласерска терапија.

Меѓу ракометарките коишто се обвинети е и репрезентативка на Македонија, Наташа Нолевска, но дали ќе има казни и какви ќе бидат тие доколку ги има ќе биде познато во дополнителен термин.

Причината за одлагањето на состанокот на кој требаше да се разгледува ситуацијата за доделување на казни е во Корона вирусот. Член на комисијата покажал симптоми на Корона вирусот и затоа веднаш морал да биде сместен во карантин, а состанокот да биде откажан.

Во моментов нема прецизна информација околу терминот во кој состанокот би се одржал така што останува дополнително да биде одреден. Проблем може да биде фактот што во правилникот стои дека казната мора да биде одредена најмногу шест месеци после отпочнувањето на случајот, а истиот стартуваше во ноември, па затоа нема да има многу простор за одлагање и некаде до средината на мај ќе мора да има донесено одлука.