Короната ги диктира натпреварите: Сезонава нема да се игра Куп, сите средби откажани

Уште пред одигрувањето на натпреварите од првото коло од Купот на Германија стана познато дека сезонава нема да биде одигран ниту еден натпревар.

Ракометната федерација на Германија одлучи поради ситуацијата со коронавирусот да ги одложи сите натпревари од ова натпреварување за сезоната 2020/21 така што првпат во историјата нема да има носител на пехарот во Купот.

Поради пандемијата со коронавирусот и ситуцијата која особено влијае на професионалниот ракомет оваа одлука според челниците на германскиот ракомет беше најразумна и мораше така да се реагира.

Сепак, на крајот од сезоната ќе има Ф4 турнир во Купот на Германија, а тој ќе биде за сезоната 2019/2020. На 5 и 6 јуни во 2021 година во Хамбург ќе се соочат Мелзунген против Хановер, а Лемго против Кил.