Коронавирус во Јуниор КВ, одложени средбите со Пролет и Струга

Коронавирусот повторно прави проблеми во Суперлигата. Ќе има нови поместувања на распоредот од вториот круг од регуларниот дел, откако се појавија позитивни случаи во тимот на Јуниор Кисела Вода.

Јуниор КВ денеска требаше да го одигра натпреварот од 8 коло на гости кај тимот на Пролет, но тој дуел ќе добие нов термин.

Нема да се игра ниту средбата против Струга што беше закажана за среда, додека во следното коло што е на програмата в сабота, Јуниор КВ е слободен, па ќе има време да се подготви во комплетен состав за следните натпревари.

Од 9 коло останува да се играат две средби – меѓу КЛ7 и Радовиш во Скопје, а Пролет ќе гостува во Струмица кај Астраион.