Коралес: Вардар ќе тргне силовито уште на стартот, ние мора да бидеме паметни

Ракометарите на Вардар многу веројатно вечерва го играат последниот натпревар на европска сцена.

Сепак и покрај високата предност на Веспрем од првиот осминафинален меч во Скопје, 30-22, домашните не се опуштаат.

„Вардар дојде овде по изненадување и ќе стори се за да победи. Ќе тргне силовито уште од стартот, затоа ние мора да бидеме паметни и да играме со многу енергија. Мора да бидеме фокусирани цел натпревар, бидејќи иако осум разлика изгледа многу, во ракометот се е можно“, вели голманот Родриго Коралес.

Наптреварот меѓу Веспрем и Вардар се игра вечерва во „Веспрем Арена“ со почеток во 18:45 часот.