КОНЕЧНО ЗЕЛЕНО СВЕТЛО: Ќе има Европско првенство во Данска!

На шпанската серија за Европското првенство конечно и дојде крај! Денеска од страна на ЕХФ беше потврдено дека континенталниот собир ќе се игра од 3 до 20 декември.

Градови што ќе бидат домаќини се Хернинг и Колдинг. По две групи од првата и по една група од главната рунда ќе се играат во двата града, а завршниот викенд ќе биде во Хернинг.

По откажувањето на Норвешка од заедничка организација минатиот понеделник, данската федерација чекаше зелено светло од Владата дали ќе може сама да го организира ЕП.

Денеска конечно беше дадено зелено светло и јасно е дека ќе ги гледаме најдобрите 16 женски репрезентации на едно место од следниот четврток.