Колку чини да ги гледате во живо Вардар, ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем…

Во пресрет на слендата сезона во Лигата на шампионите сè уште е неизвесно дали натпреварите ќе се играат пред гледачи. И покрај тоа екипите ги одредија цените, а некои и ги пуштија во продажба билетите. Реномираниот руски портал „Брз центар“ направи анализа и споредба на цените според кои многу лесно може да се претпостави според цената која екипа од кој дел на Европа доаѓа, дали е тоа Скандинавија, Балкан или Западна Европа.

Едни од најефтините се билетите во земјите од Источна Европа, Украина и Белорусија. Сезонските билети на нивните екипи Мешков Брест и Мотор Запорожје се со многу пристапни цени, но тоа е очекувано бидејќи примањата на граѓаните се пониски во споредба со другите земји од Европа. Цените се движат од 15 до 35 евра, што претставува учество со многу мал дел во буџетот на клубовите.

Многу слична е ситуацијата и во балканските земји, иако Вардар имаше огромни успеси минатите години сезонските билети ја задржаа пристапната цена од околу 40 евра. Неизвесно е каква одлука ќе донесе новот раководство и дали ќе има промени во цените. Влез за сите натпревари од групната фаза на Загреб чини 25 евра, додека цената на билет за натпревар на Целје изнесува 10 евра по натпревар.

Голема заинтересираност има за натперварите на Келце, Веспрем и ПИК Сегед, нивните сали се постојано полни, а тоа им овозможува цените да ги одржуваат повисоки. Навивачите на унгарските екипи треба да одвојат од 110 до 240 евра за натпреварите на нивните тимови, додека цената во Келце е 120 до 145 евра за сезонски билет.

Во Скандинавија не може да се купи сезонски билет само за Лига на шампиони, туку мора и за домашното првенство. Најголема побарувачка има кај екипите на Алборг и Елверум, каде што цените за сезона се од 150 до 300 евра, односно од 200 до 375 евра. Не треба да не изненадат овие повисоко цени затоа што примањата во Норвешка и Данска се многу повисоки.

Во Германија ракометот е многу популарен, па така за домашните натпревари на Кил и Фленсбург тешко може да се најдат карти во продажба. Цената за натпревар на Кил е од 15 до 50 евра или по сезона од 100 до 350 евра. Навивачите на Фленсбург за натпревар треба да одвојат од 25 до 45 евра или од 175 до 265 за сезонски билет. Нант има одлично развиена програма за продажба, првите кои ќе купат сезонски билети ќе добијат попуст. Сепак од наредната сезона ценате ќе биде малку повисока и ќе чини 85 до 220 евра по сезона.

Екипите на ПСЖ и Барселона веќе стандардно имаат повеќе гледачи во нокаут фазата, па затоа не проблем да се дојде до билет со поефтина цена. Со попустите кои ги даваат екипите Барселона може да се гледа за 35 евра што е најниска цена, додека за ПСЖ изнесува 65 евра. Интересно е што Порто во последно време има многу успеси, а сè уште има слаба заинтересираност од навивачите и цените се 5 евра по натпревар.