Колку се, толку се, важно „Чкембари“ дојдоа во Задар (ФОТО/ВИДЕО)

Тимот на Еурофарм Пелистер првпат игра на завршницата во регионалната СЕХА лига во Задар, а на трибините ќе има поддршка од навивачите.

Не се во многу голем број, но сигурно на ракометарите на Ларс Валтер ќе им биде мотив плус во мечот со Веспрем.

Покрај навивачите на пелистерци, на трибините во Задар има и навивачи на Веспрем, кои исто така не се многубројни, иако Унгарија е поблиску до Хрватска отколку Македонија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем се игра во спортскиот центар „Вишњик“ и ќе започне од 20:30 часот.