Колку пари ќе заработи наследникот на Вардар во Келн?

Европската ракометна федерација ја потврди одлуката за паричните премии што ќе бидат доделени на завршниот турнир во Келн.

Милион евра е вкупниот награден фонд. Наследникот на Вардар на европскиот трон ќе заработи 500.000 евра, додека поразениот во финалето ќе добие 250.000 евра.

За тимот што ќе го освои третото место, ќе има премија од 150.000 евра, додека 100.000 евра има за тимот што ќе загуби два пати во Келн.

Завршниот турнир ќе се игра утре и задутре во „Ланксес Арена“. Барселона ќе се соочи со ПСЖ во првото полуфинале од 18:00 часот, додека во терминот од 20:30 часот ќе играат Веспрем и Кил.