Колев ја однесе Ница во четвртфиналето на францускиот Куп

Тимот на Ница, предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Франција.

Ница славеше кај составот на Дижон со 24-27 и ќе биде само на чекор од една победа до завршниот турнир.

Покрај Ница, досега уште тимовите на Мерињак и Шамбре обезбедија пласман во следната фаза.

Покрај успехот во Купот, Ница и Колев четврта сезона ќе бидат учесници и во разигрувањето за титулата во францускиот шампионат.