„Кога се вратив дома имав чувство дека сме во војна“

Шпанија е една од најпогодените зејми од коронавирусот со преку 150.000 заболени, а за да се надмине кризата целата земја е во карантин.

Ракометарката на францускиот Бесансон, Лара Гонзалес за време на пандемијата се врати во својата земја и во интервју за handlfh.org раскажа како го доживува карантинот во својата татковина.

„Се вратив од Франција по прекинувањето на првенството. Планиравме да работиме со репрезентацијата, но карантинот откажа сè. Прво сакав да останам во Бесансон затоа што не знаев колку ќе трае ова, но потоа одлучив да си заминам дома. Ограничувањата во Шпанија се многу построги отколку во Франција, тука смееме да одиме само до маркет и аптека. Кога се вратив дома имав чувство дека сме во војна. Целиот град е затворен, никој нема на улиците само војската и полицијата. Тешко е да се тренира во вакви услови, купив многу опрема за вежбање дома. Во вакви времиња многу е тешко да се остане позитивен“, рече Лара Гонзалес.

Гонзалес смета дека одложувањето на Олимпијадата е правилна одлука и таа се надева на настап наредната година во Токио.