Кога Дувњак дели асистенции, тоа е атракција и сигурен погодок (ВИДЕО)

Еден од најискусните ракометари на Кил и најдобриот ракометар на Хрватска, Домагој Дувњак покажува дека одново е во форма и дека паузата поради коронавирусот не оставила трага кај него.

Тој го пропушти Европското првенство бидејќи имаше позитивен тест за време на подготовките и потоа не можеше да се врати во ритам навреме. Сепак, сега сè е во најдобар ред и тој повторно игра во одлична форма.

Тоа го потврди на дуелот против Штутгарт на кој подели една неверојатна асистенција од зад грб, а акцијата беше финиширана со погодок. Погледнете!