„Кога во ист термин се игра фудбал и кошарка, ќе биде невозможно навивачите да дојдат на ракомет“

Тренерот на Барселона, Чави Пасквал во интервју за шпанскиот mundodeportivo.com ја коментираше одлуката на ЕХФ натпреварите од Лигата на шампиони за мажи да се игра во текот на неделата, односно во среда и четврток.

Една од причините зошто оваа одлука не им се допаѓа во Барселона е можното преклопување на термините на натпреварите со оние во фудбал и кошарка што може да значи намалувње на фановите кои ќе ги следат.

„Не ми се допаѓа и не го разбирам ова, но тоа е она што е решено и мораме да го прифатиме. Тоа ќе биде проблем за нас. Кога во текот на неделата се игра фудбал и кошарка, ќе биде невозможно нашите навивачи да дојдат на Палау Блауграна. За нас, најсоодветно е Лигата на шампионите да се игра за време на викендите за да имаме поголема посетеност“, кометираше Пасквал.

Барселона има обебзбедено пласман на завршниот турнир кој треба да се игра во декември. За нив секогаш целта е освојување на титулата, но некогаш не оди се според планот. Исто така и за наредната сезона Чави Пасквал вели дека е цел завршниот турнир, но дека новите термини дополнително ќе го отежнат остварувањето на таа цел.

„Сакам да ги освоиме сите титули, но друга работа е што можеме да постигнеме. Можеме да сметаме дека Барселона ќе стигне до финалето и ќе ја освои титулата, но на теренот не оди така лесно. Квалификувани сме за завршниот турнир во декември, ќе видиме што ќе се случи и дали ќе се одигра. Се надевам дека и наредната сезона ќе стигнеме до завршницата на Лигата на шампионите, но ќе биде покомплицирано, а играњето во текот на неделата ќе биде негативен аспект за нас“, рече Пасквал.

Откако ЕХФ одлучи да го откаже женскиот Ф4 во Лигата на шампионите, останува неизвесно дали ќе се одржи турнирот во Келн или ќе ја има истата судбина како оној во Будимпешта.