КЛ7 потпиша договор со Буторац, а го продолжи со Петковски

Создавањето и ангажирањето на млади македонски ракометари е идејната цел на ракометниот клуб КЛ7, кој вложува и дава можност на талентирани млади играчи да покажат и докажат дека може да се игра и да се постигнуваат резултати и со домашни играчи.

Во следните две години клубот се засилува со битолчанецот кој има европско искуство, Андре Буторац, играч на позиција десен бек, роден 2001 година а минатата година беше дел од суперлигашкиот тим Пелистер од Битола.

Нов договор доби и голманот Андреј Петковски, кој му се приклучи на КЛ7 на полусезоната од тимот на Работнички, а претходно беше дел од Вардар Јуниор.

Претходно тимот се засили и во стручниот штаб. Билјана Црвенковска ќе му биде помошник на Андон Бошковски, а физиотерапевт ќе биде Димитар Маневски.