СЕНЗАЦИЈА во Купот на Шведска – клуб од село со 829 жители ќе се бори за трофеј!

Шведскиот клуб Амо, кој е од селото Алстермо со 829 жители, ќе се бори за трофејот на завршниот турнир во Купот.

Амо е лидер на табелата во Втората по ранг лига во скандинавската држава, а на патот до полуфиналето елиминира два силни тима.

Најпрво во осминафиналето, Амо во два меча беше подобар во меѓусебниот двобој од Малме, додека во четвртфиналето овој клуб го елиминира Сковде.

На првиот дуел победи Амо со 36-32, додека на реваншот во гости исто така славеше со 40-39 и ги израдува поддржувачите од малото место блиску до Ваксјо и Калмар.

До полуфиналето на Купот на Шведска се блиску уште екипите на Кристијанштад, Луги и Савехоф, кои имаат големи залихи пред реванш средбите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amo Handboll (@amo_hk)