Клубот потврди: Тренерот Периќ замина од Вардар! (ФОТО)

Порано од планираното, Вардар остана без тренерот на голманите Дејан Периќ. Легендарниот српски чувар на мрежата, кој беше и селектор на машката репрезентација на неговата татковина, замина во бундеслигашот Фуксе Берлин.

Иако ова заминување требаше да се случи на крајот на есенската полусезона, сепак Периќ доби одврзани раце.

Во тимот на Фуксе Берлин брани Дејан Милосављев, еден од „пулените“ на Периќ и голман чиј напредок беше евидентен под негово водство.

Нема сомнеж дека Милосављев ја одиграл клучната улога кај раководството на Фуксе Берлин да испрати понуда до Периќ. Таму игра уште еден поранешен вардарец, Мијајло Марсениќ.

Периќ дојде во Вардар во 2018 година, кога си замина Арпад Штербик и имаше голем удел во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ веќе се во потрага по нов тренер на голманите кој од јануари ќе работи со Борко Ристовски, Марко Кизиќ и Робин Кантегрел.