Кичево го донесе еден од најдобрите стрелци во Првата лига – потпиша Филип Шиклевски

Тимот на Кичево по долго времее лани се врати во Првата лига, но не успеа да се избори за место во плеј-офот.

Оваа сезона тимот предводен од Дејан Михајлоски ќе стартува со зголемени амбиции, а веќе е потврдено и новото засилување.

Станува збор за левото крило Филип Шиклевски, кој досега беше дел од Преспа Ресен и беше еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција.

Покрај Шиклевски, Кичево претходно ги ангажираше Мојсе Тасески и Чеде Јованоски од Јехона Гостивар, голманот од Еурофарм Пелистер 2 – Кристијан Костадиноски, како и средниот бек Дамјан Наумовски од Аеродром.

Кичево во новата сезона од Првата лига ќе биде дел од групата Б со Аеродром, Текстилец, Алкалоид, Голден Арт, Јуниор КВ, Металург РА, Македонија ЃП, Астраион и Куманово.