Кичево го договори Јованоски, планира и суперлигашки засилувања

За новата сезона, Кичево гради амбициозен тим за добро претставување во Првата лига. Веќе е познато дека во новата сезона, Првата лига во Македонија ќе биде поквалитетна од претходната сезона и ќе играат најмалку 20 екипи.

Вториот нов играч во редовите на Кичево е левиот бек од Јехона, Чеде Јованоски. Тој главно ќе биде задолжен за играта во одбраната, но има квалитети да одигра и во два правци.

Во следниот период, Кичево би требало да ангажира три до четири квалитетни засилувања од суперлигашки екипи. Амбициите на клубот се добри резултати во новата сезона, но и парирање на клубовите со поискусен играчки кадар.

Претходно Кичево го донесе и Мојсе Тасески, еден од најдобрите стрелци на Јехона од Гостивар кој настапува на десната бековска позиција.

Во Кичево по десетина години, лани по голема заслуга на Дејан Михајлоски се активираше машкиот клуб, па кичевци ќе можат да следат ракоментни натпревари во новата сезона, со оглед на тоа дека во минатата се играше пред празни трибини.