Кил најде замена за Билик во Данска

Екипата на Кил која има проблеми со повредите на ракометарите, а остана неколку месеци без еден од главните играчи, левиот бек Никола Билик, кој мораше да интервенира и да најде замена за него.

Според информациите на ова место ќе има ракометар кој доаѓа од Данска, а се работи а младиот 22 годишен Оскар Зунефелдт ќе треба да го надомести отстуството на репрезентативецот на Данска.

Се работи за играч кој настапуваше за Сондерјиске, а во клубот дојде минатото лето од Савехоф од Шведска.

Зунефелдт е Швеѓанец кој досега има настапувано за младинската селекција на оваа земја и се наоѓа на поширокиот список на сениорската репрезентација. Кил планира во него да има играч кој би останал дел од клубот во следните неколку сезони.