Кил без двајца играчи и без тренер против Елверум

Екипата на Кил денеска го игра натпреварот од 11. коло во Групата А од Лигата на шампионите, а на ова гостување составот од Германија нема да биде комплетен бидејќи ќе недостигаат двајца клучни играчи, но и тренерскиот тандем.

Пивотот Хендрик Пекелер ги пропушти последните два натпревари, па нема да биде во можност да игра ниту денеска. Истот така ќе го нема и голманот Дарио Квенштед, кој е во изолација откако имаше позитивен тест на Ковид 19. Оттаму на оваа средба голманското дуо ќе биде Никлас Ландин и членот на тимот до 23 години, Филип Сагау.

Со екипата во Германија не е ниту тренерот Филип Јиха. Тој сè уште се наоѓа во карантин, а позитивен на Ковид 19 е и Кристијан Шпренгер. И двајцата останаа во Германија, па тимот ќе го води координаторот на младинските тимови, Клаус-Дитер Петерсен, кој ги има потребните лиценци за водење на меѓународни натпревари.

На клупата денеска заедно со него ќе седи и спортскиот директор Виктор Силаги так што Кил ќе има нов тандем на овој дуел против составот на Елверум.