Келце победнички во Украина, му зададе домашна на Веспрем

Екипата на Келце во чии редови на терен се врати Игор Карачиќ имаше одличен натпревар на гостувањето кај Мотор Запорожје забележувајќи победа од 33:26 со што освои два значајни поени во трката за што е можно повисок пласман во Групата Б од Лигата на шампионите.

Келце водеше во текот на целиот меч така што победата не беше во ниту еден момент проблем и доведена во прашање. Уште на полувреме имаше 19:14 така што после 30 минути веќе беше јасно сè.

Продолжението беше формалност, па на крајот триумфот беше изразен со седум гола. Мотор се врати во еден момент користејќи опуштање, но само до 25:29 во 52. минута. Веднаш после ова дојде до засилен финиш на гостите за триумф од 33:26.

Каралек со седум гола, Алекс Душебаев со шест, Морито со пет и Карачиќ со четири беа најефикасните во Келце на овој натпревар. Во Мотор пет гола постигна Козакевич, а четири Пухоуски.

Со новите бодови Келце се израмни во Веспрем, па сега тимот на Дејан Манасков нема друг избор и мора да нападне со сите сили против Монпелје и да се обиде да победи в недела.