Келце ослабен до крајот на сезоната – заврши сезоната за Душебаев!

Ракометарот на Келце и репрезентативец на Шпанија, Даниел Душебаев го очекува подолга пауза од ракометните терени поради повреда на коленото.

Членот на Келце се повреди во дерби дуелот против Висла Плоцк во рамките на Купот на Полска. Веста официјално беше потврдена од Шпанецот на социјалната мрежа твитер.

„Денес е еден од најтешките денови во мојот живот. Повторно ќе морам да бидам надвор од терените неколку месеци. Но, ова е спорт, можам да кажам дека ќе се вратам уште посилен“, напиша Душебаев.

Конечната дијагноза на младиот ракометар ќе биде утврдена во Мадрид во текот на следната недела кога е закажан и лекарскиот преглед.