Келце не запира со засилувања, го донесе и најдобриот стрелец од кадетското ЕП

Еден од најперспективните ракометари и голема надеж на шведскиот ракомет, Елиот Стенмалм, кој беше прогласен за најдобар лев бек и стрелец на последното кадетско првенство во Хрватска и официјално е новиот член на Келце за сезона 2023/2024.

Веста официјално беше објавена на клупската страна на полскиот шампион. Младиот ракометар моментално настапува во домашниот шампионат носејќи го дресот на екипата на Редбергслидс.

Неговиот напредок во клупските и репрезентативни настапи беше следен веќе две години од страна на претседателот на Келце, Бертус Сервас, но и од главниот стратег на екипата, Талант Душебаев.

На кадетското првенство во Хрватска, Елиот Стенмалм заедно со репрезентативецот на Словенија, Митја Јанц беа предводници на конечната листа на стрелци со 61 гол. Шведска немаше многу среќа во завршните натпревари и мораше да се задоволи со седмото освоено место.

Освен Стенмалн, за сезона 2023/2024, Келце го ангажираше и репрезентативецот на Египет, Хасан Валид Ахмед Кадах. Претходно потпишаа Јагањац, Скубе, Ремили и Конку, а сите тие ќе се преселат во Полска уште следното лето.