Келце доаѓа кај Вардар со сите ѕвезди и со нови спонзори!

Полскиот првак Келце пред две седмици беше во непријатна ситуација откако компанијата ВИВЕ се повлече од спонзорството, а тоа беше причина за лавина шпекулации за заминување на ѕвездите на тимот.

Сепак полските медиуми пишуваат дека потрагата по нов главен спонзор е веќе на крај и следната седмица ќе биде објавен.

„Веќе ги финишираме преговорите со неколку компании од кои ќе го одбереме вториот главен спонзор, а потоа ќе го додадеме во нашето име“, вели Бертус Сервас за „Спорт Онет“.

Претседателот на Келце истакна дека откако информацијата за финансиските проблеми на клубот стигна до јавноста, се јавиле повеќе компании што сакаат да бидат спонзори и дека финансиската конструкција за следната сезона е скоро затворена.

Тоа значи дека нема да има ништо, од заминување на главните ѕвезди на тимот како Алекс Душебаев, Игор Карачиќ, Андреас Вулф…и дека Келце со најсилен состав ќе гостува во Скопје кај Вардар на 18 ноември во Лигата на шампионите.