Кастратовиќ по ремито на Металург со Охрид: Мора да сме професионалци на секој меч

Екипата на Металург одигра уште едно реми во првенството откако денеска наиде на силен отпор против екипата на Охрид и на крајот мечот заврши со 29:29. Можеа скопјани и да загубат, но и да победат. На крајот самите ги упропастија шансите, па сигурно е дека и со еден бод треба да бидат задоволни. Од ова реми задоволството е поголемо кај гостите додека домашните кои очекуваа триумф имаат причина за да бараат каде се грешките и истите да ги отстранат пред дуелите со Горење во Купот на ЕХФ.

„За разлика од другите екпи кои тренираат редовно и немаат играчи кои отсуствуваа поради повреда и поради ЕХФ неделата ние минатата недела работевме во намален состав и со намален интензитет и дури од понеделник почнавме заедно. За секое нешто треба време. Времето е пресуден фактор. Јас сум две недели со овој состав и со оглед на младоста и одреден број нови играчи кои на одредени моменти носат грешни избори на одлуки тогаш осцилациите се природни. Она што не е добро е тоа што во моменти кога требаше да го решиме натпреварот имавме неколку промашувања од 6 местри и технички грешки кои не чинеа губење на уште два бода“, коментираше после средбата тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ.

-Дали ова реми пореметува и ќе донесе отрезнување кај некои играчи во однос на играта и залагањето на теренот?

„Ние сме на почеток, за да може да се воспостави некој модел на игра. На тренинзи е поинаку отколку денеска. Знаевме Охрид што игра и немаше ништо изненадувачки особено во првиот дел на 6-0 одбрана. Едноставно мислам дека треба посериозно и повисоко ниво на влез во секој меч од психолошки аспект и да бидеме професионалци 100 посто од глава до петици и на овој терен да дадеме сè од себе. Сите заедно да остваруваме победи кои ќе носат позитивна атмосфера и кои ќе не креваат од меч во меч. Ова нерешено е само почеток кон она што се надеваме дека ќе биде на повисоко ниво од денеска, а тоа се натпреварите против Горење во Купот на ЕХФ“.

-Дали има доволно време за да се поправат работите пред двобојот со Горење?

„Би сакал да кажам дека имам време и да бидам оптимист во поголема мерка отколку што можам да бидам. Сега влегуваме во ритам среда-сабота и ние до дуелот против Горење имаме три натпревари од кои првиот е веќе в среда против Радовиш. Прашање е дали можеме меѓу средбите да го кренеме нивото и да поправиме. Ние сите се обидуаме и ќе дадеме се од себе за да излечеме поитивни резултат и да се обидеме да се пласираме во групна фаза во Купот на ЕХФ. Сепак, сметам дека еден голем период пред моето агнажирање е загубен во однос на поквалитетна подготовка на овој играчки состав“, коментираше Кастратовиќ.

Тимот на Металург првиот дуел против Горење го игра на 16 ноември, додека реваншот е на 24 ноември во СЦ „Јане Сандански“.