Касим Каменица повторно активен, има нов клуб

Поранешниот тренер на Кометал Ѓорче Петров, Пелистер, Вардар, Младост… Касим Каменица после две години одново му се врати на ракометот и има нова задача, а овој пат е во тимот на Горажде.

Во овој тим Каменица ќе има улога на претседател и ќе има тешка задача пред себе да го врати тимот на старите позиции во ракометот во БиХ. Каменица е еден од најпознатите тренери на просторите на поранешна Југославија.

За тимот на Горажде го врзуваат многу спомени. Во 1971 година таму ја почна својата играчка кариера, а во 1982 година стартуваше и со тренерската кариера така што имаше добар почеток на една богата и трофејна кариера исполнета со голем број на ангажмани.

Каменица има 66 години така што уште може да помогне многу особено во клубот каде што ги направи и првите играчки и првите тренерски чекори.