Карачиќ: Вардар е добар тим, ама ние сме фаворити!

Ракометарите на Вардар ги очекува натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите, а ривал ќе им биде полскиот Келце.

Добро познат противник, кој во последните неколку сезони редовно е во група со „црвено-црните“. Главните играчи во тимот се поранешните вардарци Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.

Хрватот вторпат ќе игра против Вардар како член на Келце, а лани стигна само до бод.

„Имам прекрасни спомени од Скопје и многу пријатели таму – Дибиров или капитенот Стоилов. Тука се Иван Чупиќ и Кристијан Дисингер. Вардар е добар тим со одлична дефанзива. Тоа го покажаа на натпреварот со Фленсбург. Ќе биде тежок натпревар, но мислам дека ние сме фаворити“, вели Карачиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.