КАПИТЕНОТ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР НАЈАВУВА: Ја сакаме тутулата во Битола!

Ракометниот вицепрвак Еурофарм Пелистер е во одличен налет и во Европската лига и на домашната сцена, за разлика од „црвено-црните“, кои го претрпеа петтиот пораз во низа во Лигата на шампионите. Битолскиот тим расте додека Вардар „паѓа“, па за капитенот на „фармацевтите“ Јосип Периќ ова е одличен показател дека Вардар е ранлив.

Овој викенд наш соговорник е Периќ во интервјуто на 24ракомет, кој со секоја почит кон останатите тимови, вели дека е јасно дека Еурофарм Пелистер и Вардар се оние кои го имаат главниот збор во трката по титулите во домашното првенство и Куп.

„Еурофарм Пелистер се труди секој меч, без разлика дали играме дома или во Европа да сме најдобро подготвени. Го респектираме секој противник и имаме добар старт во домашното првенство. Загубивме единствено на тешкото гостување во Скопје кај Вардар. Без да ги потценам другите екипи, мислам дека ние и Вардар сме главни фаворити за титулата. Амбициите на клубот се јасни – сакаме по 16 години да донесеме титула во Битола и да ги направиме среќни и нашите навивачи, но и за нас самите. Ќе направиме сè што е во наша моќ за да му ги замрсиме сметките на Вардар и конечно да бидеме прваци на Македонија.“

За Еурофарм Пелистер и неговите актуелни успеси, за долго очекуваната титула во Битола, дали Периќ ќе ја продолжи соработката со клубот, но и за други детали прочитајте во саботното интервју со Јосип Периќ на 24ракомет.