Капитенот верен на клубот: Ласко Андоновски останува во Пролет

Ласко Андоновски ќе продолжи да го носи дресот на Пролет откако договори продолжување на соработката со суперлигашот.

И оваа година како и во претходните сезони за услугите на Андоновски се интересираа неколку суперлигаши, но тој ги одби нивните понуди потврдувајќи ја својата лојалност.

„Не е тајна дека сум презадоволен од условите во клубот за кој настапувам долги години. Преговорите траеја кратко бидејќи наша заедничка желба беше соработката да продолжи. Се надевам на успешна сезона и борба за излез во европските купови“, истакна Андоновски.

Во управата на клубот владее задоволство од задржувањето на капитенот и сочувувањето на костурот на тимот и за наредната сезона.

„Андоновски е лидер на тимот неколку години наназад и секако дека сме пресреќни што тој ќе остане дел од Пролет и во наредната сезона. Го задржавме костурот на екипата, покрај Ласко тука се уште и Ангелов, Аларов, Џонов, браќата Василевски и останатите кои понесоа голем дел од товарот во минатата сезона. Си заминаа само Мартин Поповски, кој има ангажман во странство и Мујиќ, со кого сме во контакт за евентуално враќање назад во нашиот клуб. Нема да брзаме, ќе почекаме уште најмалку петнаесетина дена, по што ќе повлечеме конкретни потези околу потенцијалните засилувања. Исто така, во следните денови ќе разговараме со уште неколку ракометари на кои им се истечени договорите за нивно останување во Пролет“, вели директорот Сашо Огњеновски, за официјалниот сајт на клубот.