Кантегрел: Се надевам дека ќе се вратиме од Келце со добар резултат и ќе ги израдуваме навивачите

Европскиот првак Вардар загуби на домашен терен од полскиот Келце со 29-33, иако имаше фуриозен почеток на мечот. Келце ја презема контролата во вториот дел, Вардар направи пресврт, но на крајот попушти пред залетаниот гостин.

Францускиот голман Робин Кантегрел дебитираше во елитното натпреварување за „црвено-црните“ и потоа се огласи на социјалните мрежи.

„Натпреварот со Келце беше специјален меч за мене, затоа што ги направив првите чекори во Лигата на шампионите на ЕХФ. За жал, на крајот доживеавме пораз, но од овој двобој може да извлечеме само поука и желба за напредок. Се надевам дека на гостувањето во Келце ќе забележиме подобар резултат и ќе ги израдуваме нашите навивачи“, напиша Кантегрел.

Натпреварот меѓу Келце и Вардар се игра на 25 ноември од 20:45 часот во салата „Легионово“.