Како ќе се игра догодина: Вардар и Еурофарм Пелистер се враќаат, Суперлигата ќе брои 16 екипи!

Ракометната федерација на Македонија објави соопштение во кое има предлог што ќе треба да биде усвоен од Управниот Одбор, а се однесува на проширувањето на Суперлигата во машка конкуренција.

Со оглед на тоа што поради коронавирусот, најверојатно нема да гледаме клупски ракомет во Македонија оваа сезона, предлогот е да нема испаѓање од елитната конкуренција, а догогодина да играат 16 екипи.

Прометни ќе има и во Првата лига, како и во Суперлигата во сезоната 2021/2022, додека во Женската лига нема да има промени и останува да се игра по истиот систем како и досега.

Сите предлози на РФМ може да ги погледнете во продолжение, а одлуките дали сите тие ќе бидат прифатени се очекува најдоцна до 23 април.