Како Порто во Германија, така Кил во Португалија – „зебрите“ го собраа цел плен (ВИДЕО)

На сличен начин како што го совладаа Кил во Германија минатиот викенд со еден погодок разлика, така ракометарите на Порто загубија во вториот меѓусебен дуел од бундеслигашот во преполната „Драгао Арена“.

„Зебрите“ победија со минимални 29-30, откако постигнаа победнички гол на три секунди до крајот. Тој беше дело на норвешкиот репрезентативец Харалд Рајнкинд.

Во текот на целиот меч Порто беше во предност, во еден момент водеше и со пет погодоци разлика, но ниту тоа не беше доволно за да стигнат до целиот плен.

Погледнете го погодокот на Рајнкинд вреден два бода за Кил…