Како крвникот Винцек вапса јајца за Велигден (ФОТО)

Ракометарот на Кил, Патрик Винцек е еден од најжестоките дефанзивци во овој спорт, а македонските ракометари и екипи многу пати си имале работа со него.

Германецот со полско потекло прекинот на Бундес лигата поради коронавирусот го минуа дома и ја одржува формата.

Крвникот, како што има прекар во ракометните кругови, ја покажа и својата понежна страна.

Заедно со неговата ќерка, тој вапсаше јајца за претстојниот празник Велигден. католиците го слават викендов, додека православните ќе го прослават идниот викенд.