Како изгледаат осминалфиналните двојки на коло пред крај на ЛШ?

Ракометарите на Вардар ги очекува уште еден натпревар во Лигата на шампионите и тоа на домашен терен, а со оглед на тоа што Порто ќе треба да игра против Мешков Брест, кој веќе нема шанси за да дојде до елиминации сосема извесно е дека тешко ќе може да се напредува на табелата.

Оттаму доколку после средбите од 14. коло не дојде до промени тогаш двојките за осминафиналето веќе можат да бидат познати.

За Вардар е сосема извесно дека ќе треба да се соочи со екипата на Пик Сегед и ова ќе биде повторување на дуелот од ланското четврт-финале после кое Вардар замина на Ф4 во Келн. Ќе биде тешко, но може да се очекува ваков натпревар.

Според резултатите од првите средби во баражите Динамо Букурешт и Висла Плоцк се во предност во однос на ривалите и затоа тие добиваат предност во формирањето на можните двојки од осминафиналето.

Како изгледаат двојките за првата рунда од елиминациите од Лигата на шампионите во моментов можете да погледнете во продолжение.

МОЖНИ ОСМИНАФИЛНИ ДУЕЛИ (НА КОЛО ПРЕД КРАЈ)

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ПСЖ

ВИСЛА ПЛОЦК – ВЕСПРЕМ

ВАРДАР – ПИК СЕГЕД

ПОРТО – АЛБОРГ

ФЛЕНЗБУРГ – МОНПЕЛЈЕ

ЦЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ