Како играч не успеа да игра на Олимписки игри, но како тренер ќе добие шанса

Тренерот на Ростов Дон и селектор на Русија, Амброш Мартин и понатаму има високи цели во својата кариера. Тој вели дека планира многу повеќе за следната сезона и дека е подготвен за настаните кои претстојат.

Во прв план остануваат натпреварите во Лигта на шампионите, а тука ќе бидат и Олимписките игри на кои Русија исто така ќе се обиде да дојде до медал.

„За почеток би сакал а ги постигнам целите поради кои и бев поканет да работам во Русија. Тоа значи дека целта е да се дојде до триумф во Лигата на шампионите и добар настап на Олимписките игри во Токио. Не можев да го сторам тоа како играч затоа што не бев поканет во репрезентацијата. Сега имам можност да бидат дел од игрите како тренер“, вели Амброш Мартин.

Тој е еден од тренерите кои во последните години покажаа дека се меѓу најдобрите во светот и постојано бележи добри резултати со своите тимови. Оттаму и во новата сезона Ростов Дон ќе биде конкурент за висок пласман во Лигата на шампионите, а Русија сигурно ќе има што да покаже прво на Европското првенство во декември, потоа и на Олимписките игри.