Кадетите на собир, Лазаров ќе прави прв „рез“

Машката кадетска репрезентација денеска го имаше првиот собир во Автокоманда што ќе трае два дена, па селекторот Кире Лазаров ќе го направи првиот „рез“.

Од поширокиот список со 39 ракометари, дел ќе отпаднат, па официјалните подготовки веројатно ќе се одвиваат со дваесетина ракометари.

Кадетскиот ЕХФ шампионат ќе се одржи во Скопје од 9 до 15 август со седум репрезентации.

Македонија е во групата А заедно со Полска и Грција, откако Естонија го откажа своето учество, додека во групата Б се Швајцарија, Украина, Грузија и Босна и Херцеговина.

Победникот од овој ЕХФ шампионат обезбедува место меѓу најдобрите 16 во Европа, односно место на Европското првенство, не само за следната генерација на кадети, туку и во младинска конкуренција.