Кадетите запишаа пораз на првата контрола со Хрватска

Машката кадетска репрезентација на Македонија загуби на првиот контролен натпревар против Хрватска од двата предвидени со 27-22.

Избраниците на Раде Стојановиќ водеа на полувремето со три гола разлика, 12-8, но во вториот дел домашните имаа доминација.

Во нашата репрезентација имаше многу ротации, па шанса за настап добија повеќето ракометари што се во Хрватска.

Македонија и Хрватска утре во истиот термин ќе одиграат уште еден пријателски натпревар, кој е дел од подготовките за настапот на СП.

Нашите кадети се во група со Норвешка, Грузија и Црна Гора.