Кадетен Шафхаузен се откажа од Супер купот на Швајцарија

Вице-шампионот на Швајцарија, екипата на Кадетен Шафхаузен нема да игра за Супер купот на земјата кој е закажан за 28 август, а причината е во тоа што ден подоцна го игра првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа против Војводина.

Раководстото на тимот од Швајцарија не успеа да договори одложување на Супер купот, а исто така и ривалот во Лигата на Европа. Претставникот на Србија не се согласи да направи отстапка, па Кадетен Шафхаузен ќе мора да избира на кое натпреварување ќе игра.

Според тоа место Шафхаузен за трофејот во Супер купот на Швајцарија ќе се бори екипата на Арау, откако и финалистот од Купот, тимот на Криенс Луцерн исто така ќе игра во Лигата на Европа против Бенфика.

Арау е избран да игра во Супер купот како победник од минатата сезона и ќе има можност да го брани трофејот. Противник во борбата за првиот трофеј во новата сезона ќе им биде шампионот од минатата, тимот на Винтертур.