Кавадарчани имаат нов голман: Александар Стојаноски потпиша за Тиквеш

Искусниот чувар на мрежата Александар Стојаноски е нов член на тимот на Тиквеш од Кавадарци, на кој ќе се обиде да му помгне да избори опстанок во суперлигашкото друштво.

Стојаноски минатата полусезона го бранеше голот на Јуниор Кисела Вода и имаше неколку одлични натпревари, па го привлече вниманието на повеќе суперлигашки екипи.

Тој е поранешен голман на Младост Богданци, Борец, Струмица со која играше во европските купови и во СЕХА, потоа Охрид и Струга, а сега се сели во Кавадарци.

Заедно со Марјан Велков и Александар Мицев ќе формираат голманско трио во составот предводен од Горан Андоновски.

Тиквеш ќе се бори за опстанок со Астраион, Голден Арт КЛ7, Младост Богданци, Работнички, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Прилеп.