И Ѓорче Петров стигна до бодови

Ракометарките на Ѓорче Петров ја осварија првата победа сезонава во Супер женската лига откако триумфираа на гостувањето кај Кузман Вардар со 26:21.

Почетокот на натпреварот беше доста изедначен, гостинскиот тим имаше минимално водство, но не успеваше да стигне до поголема предност. Кузман Вардар поведе 9:8, а потоа следуваше серија од 4:0 на Ѓорче Петров за прво повисоко водство на еден тим.

До крајот на првиот дел Кузман Вардар успеа да ја намали негативата и на одмор замина со минус еден, 11:12. Почетокот на вториот дел донесе подобра игра на гостинскиот тим. Со серија од 7:1, Ѓорче Пертров направи недостижна предност која без проблеми ја сочува до крај за први бодови.

Најефикасна во домашниот состав Ружица Атанасова со пет гола, а по три погодока постигнаа Додевска, Јовевска и Ангеловска. Најпрецизна и најзаслужна за победата на Ѓорче Петров беше Ангела Цветановска со 11 погодоци, по четири постигнаа Велкова, Јованчева и Србиновска.