И Бутел на пауза, но со упатства: Oстанете дома, чувајте го вашето и здравјето на сите околу вас

Екипата на Бутел Скопје одлучи да стави крај на тренинзите и да очекува позитивни вести за да може сите играчи да се вратат назад на терен и да може да се продолжи со нормална работа.

Последни со тренинзи прекинаа сениорите, па сега нема да се работи групно во сала. Затоа, пак, ракометарите имаат добиено индивидуална програма така што ќе треба да останат активни за да може штом се добие зелено светло веднаш да се вратат во ритам.

„Останете дома, чувајте го вашето и здравјето на сите околу вас. Заедно да го победиме Корона вирусот“, велат од Бутел.

Овој тим си обезбеди место во плеј-офот, а пред прекинот на првенството се најде на 4. Позиција на табелата.