ИХФ додели вајлд-карти: Словенија и Холандија добија мундијалски билет!

Светската ракометна федерација додели две вајлд-карти за Мундијалот во Полска и Шведска што ќе се игра во јануари 2023 година.

Тие беа доделени за две европски селекции – Холандија и Словенија, кои беа елиминирани во баражот од Србија и Португалија.

Со овие две селекции сега се познати 26 учесници на Мундијалот, а за два дена ќе биде познат и претставникот од Северна Америка и Кариби, додека петте учесници од Африка ќе се знаат на 18 јули.

Холандија и Словенија ќе се најдат во последниот шешир пред ждрепката на 2 јули, па би било одлично доколку Македонија, која е во вториот шешир, успее да ги избегне во групната фаза.