Итар Пејо пристигна во Виена како поддршка за ракометарите (ФОТО)

Машката македонска репрезентација го игра првиот натпревар на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.

Првиот ривал е селекцијата на Украина, а нашите ракометари пред крајот на првото полувреме водат со четири голови разлика, 10-6.

Битолчанецот Дарко Јанкуловски, односно „Итар Пејо“ е еден од најдверните поддржувачи на сениорите, па не пропушти шанса да дојде и во Виена.

Некогашниот македонски итрец ќе им помогне на ракометарите да ги надмудрат селекциите на Украина, Чешка и Австрија.