Италијанските коментатори „полудеа“ по голот на Македонката Мркиќ – Мамма миа…(ВИДЕО)

Македонската интернационалка, Савица Мркиќ, која во својата кариера настапуваше и за македонските клубови, Еуростандард ЃП, Ѓорче Петров и Жито Прилеп, повторно имаше одлична партија во дресот на Ериче.

Со шест постигнати погодоци одигра важна улога во победата од 28:18 против составот на Падана, во натпревар од 15. коло од италијанскиот шампионат.

Еден од погодоците на Мркиќ, кој беше постигнат на стартот на второто полувреме сигурно ќе влезе во ракометните шпици во Италија, а коментаторите низ преносот беа воодушевени од фантастичниот гол на ракометарката од Македонија.

И покрај добрите партии низ Италија, Мркиќ остана без место во составот на Љубомир Савевски за натпреварите на Македонија против Словенија во рамки од ЕХФ Евро Купот. Мркиќ на речиси сите натпревари е најдобар стрелец во својот тим и на дел од нив успеа да запише 15 погодоци.